Економија, финансии, бизнис

Контакт

2,5 милиони евра за нова спортска сала кај Ректорат

2,5 милиони евра за нова спортска сала кај Ректорат

Денеска беше поставен камен темелник за нова спортска сала на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која се прави кај кај комплексот факултети. Според планот салата ќе има капацитет од 1.100 гледачи, а просторот под трибините ќе се користи за фитнес.

Салата ќе чини околу 2,5 милиони евра, а нејзината изградба е дел од владиниот проект за нови 35 спортски сали.

Салата ќе се користи за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг, гимнастика, боречки спортови, но и за културни манифестации.

Според најавите изградбата ќе трае најмногу две години.

Слично

Поврзани вести