Економија, финансии, бизнис

Контакт

24.000 Вакцини од АстраЗенека стигнаа во Македонија: Во април ќе има дополнителни 76.000 вакцини од окфордската вакцина

24.000 Вакцини од АстраЗенека стигнаа во Македонија: Во април ќе има дополнителни 76.000 вакцини од окфордската вакцина

Пред еден час пристигна првата пратка вакцини преку Ковакс механизмот во нашава земја. На аеродромот во Скопје миинистерот за здравство Венко Филипче во присуство на повеќе амбасадори истакна дека масовната вакцинација почнува среда во вакциналните пунктови. 

Потенцираше дека вакцината на британско-шведскиот производител е лесна за шување, односно се чува во фрижидери на температура од 2 до 8 степени, додавајќи дека тоа овозможува безбедно да се чува во здравствените домови во секој град.

-Пријавени се повеќе од 20.000 граѓани над 70 години, тие ќе бидат први повикувани. Во април треба да пристигнат 76.000 дози од АстраЗенека, изјави министерот Филипче.


Слично

Поврзани вести