Економија, финансии, бизнис

Контакт

24 Мај-Ден на бугарската азбука: Бугарскиот парламент донесе ваква одлука

24 Мај-Ден на бугарската азбука: Бугарскиот парламент донесе ваква одлука

„Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“, вака го преименуваа бугарските пратеници празникот 24 мај, кој досега кај нив се славеше како „Ден на бугарското образование и култура и словенска писменост“.

Ова се практично се измени во Законот за работни односи, а прелогот беше на партијата ВМРО-БДН, чиј лидер е вицепремиерот и министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Прелогот за преименување имаше поддршка и од коалицискиот партнер ГЕРБ.

Владејачката коалиција „Обединети патриоти“ во пресрет на изборите закажани на пролет ја засилија националната реторика за прибирање политички поени.

Од друга страна, пак, опозициската БСП смета дека измените во Законот за работни односи не треба да служат за решавање на историски спорови меѓу двете земји.

-Овој потег нема за цел да изгради национална самодоверба и патриотизам, туку да го одвлече вниманието на бугарското општество од сегашните проблеми, потенцираше пратеникот Героги Гоков од БСП. 


Слично

Поврзани вести