Економија, финансии, бизнис

Контакт

24 Инфо: Телохранителот на Апасиев навредувал Албанци во Чаир

24 Инфо: Телохранителот на Апасиев навредувал Албанци во Чаир

Бојан Богески – Боки, кој неформално важи за возач и обезбедување на лидерот на Левица Димитар Апасиев, покрај тоа што бил фатен како вози под дејство на алкохол,  во скопската населба Чаир провоцирал и навредувал по етничка линија и влегол во конфликт со етнички Албанци, дознава 24 Инфо.

Богески во Чаир навредувал и им се заканувал на етнички Албанци, а тоа за медиумот го потврдуваат и вработените од локалните дуќани кои биле присутни во моментот.

Инаку, според официјалните записници, Боки бил приведен од интервентата полиција поради нарушување на јавниот ред и мир, како и поради омаловажување на службените лице и непостапување по наредба на полициски службеници

24инфо од свои извори во МВР дознава дека Бојан Богески – Боки и претходно бил сакциониран поради возење без возачка дозвола и поради возење во алкохолизирана состојба.

Претходно, медиуми објавија дека полицијата запрела  возило „Мерцедес“ ML со скопски регистерски таблици во сопственост на Богески. 

При контролата од страна на полицијата е констатирано е дека лицето немало важечка возачка дозвола и на лице место му е изречена парична казна..Според медиумите Бојан потоа бил подложен на алкотест при што било констатирано дека е под дејство на алкохол. Тој претходно е осуден на условна казна за тешки телесни повреди и насилство.


Слично

Поврзани вести