Економија, финансии, бизнис

Контакт

24 часа живот од соништата со Galaxy уредите за носење

24 часа живот од соништата со Galaxy уредите за носење

Кои се вашите фитнес цели за оваа есен? Совршената форма, но и здрав начин на живот се одржува во текот на целата година, сепак не секогаш е лесно да излеземе од удобноста на топлото ќебе, топлото чоколадо со цимет да го замениме со зелен чај, да ја облечеме опремата за вежбање и да се фрлиме на вежбање. Некогаш ни е потребна дополнителна мотивација, а токму затоа тука влетуваат најновите уреди за носење - серијата Galaxy Watch5, која делува како здравствен тренер на вашиот зглоб со прецизно следење и снимање на здравствените податоци, како и Galaxy Buds2 Pro, кои обезбедуваат збогатени аудио искуства со остар, јасен звук со удобен дизајн бидејќи нема поголема мотивација од онаа кога ја слушаме омилената плеј листа и ги гледаме резултатите на малиот екран на нашата рака. Ако мислите дека животот од соништата постои само на филм се лажете. Што велите за мало размрдување од секојдневната рутина?

6 часот наутро: Започнете го денот со проверка на вашите циклуси на спиење

Секој ден започнува и завршува со сон, што го прави суштински дел од здравиот начин на живот. Покрај тоа, доброто спиење е поважно од долгото спиење, а Galaxy Watch5 ви ги следи циклусите на спиење во текот на ноќта, овозможувајќи да ги видите вашите циклуси на спиење и квалитетот на сонот за време на долгиот ноќен одмор.

Обезбедувајќи детални информации за времетраењето и циклусите на спиењето, Galaxy Watch5 помага да се создадат здрави навики за спиење. Часовникот сеопфатно ја следи вашата активност додека спиете, како што се циклусите на спиење низ кои поминувате, мрдањето и вртењето, колку пати сте се разбудиле итн., обезбедувајќи вкупен резултат за спиење врз основа на квалитетот на сонот. Часовникот може да детектира и 'рчење и ја прикажува заситеноста со кислород во телото додека спиете.

Функцијата за управување со спиењето на Galaxy Watch5 го анализира квалитетот на сонот на корисниците во четири фази врз основа на тоа колку длабоко спијат. Откако часовникот ќе сними и анализира седум дена сон, апликацијата го споредува типот на спиење на корисникот со други постоечки модели на спиење. Корисниците можат да добијат и прилагоден водич за обука за спиење со цел да ги подобрат своите навики за спиење.

8 часот наутро: Откријте повеќе за состојбата на вашето тело со BioActive сензорот

Одличен начин да го започнете денот по будењето е да практикувате вежби од послаб интензитет. За да го провери напредокот на вежбањето и статистиката на телото, Galaxy Watch5 точно го мери составот на вашето тело.

Galaxy Watch5 доаѓа со BioActive сензор со зголемена прецизност за мерење на податоците од вашето тело, вклучувајќи го процентот на вода во организмот, масата на скелетните мускули и телесните масти, што овозможува да го следите напредокот на вашата кондиција или статистиката на телото. Благодарение на подобрениот дизајн, поширокиот BioActive сензор на задната страна на часовникот покрива поголем дел од зглобот, обезбедувајќи зголемена прецизност.

13 часот: Надградете го тренингот со Galaxy уредите за носење

Серијата Galaxy Watch5  го следи напредокот при практикување на различни спортови и различни форми на вежбање, како на пр. вежбање со тегови или џогирање. Корисниците можат да додаваат повеќе спортови со поврзување на часовникот со апликацијата Samsung Health.

За поголема мотивација, секогаш при рака треба да биде вашата омилена плеј листа која може да ја слушате на  слушалките Galaxy Buds2 Pro, кои удобно се вклопуваат за време на носењето. Со ергономски дизајн и тежина од само 5,5 грама, Galaxy Buds2 Pro остануваат удобно прицврстени во вашите уши, дури и додека спортувате со интензивна физичка активност.

Galaxy Buds2 Pro се одликуваат со повисок квалитет на звукот благодарение на функцијата 360 Audio, а подолготрајното траење на батеријата овозможува репродуцирање аудио до 29 часа. Водоотпорен и со оцена IPX7, часовникот има зголемена издржливост и лесно може да издржи вода и пот од активности на отворено.

Galaxy Watch5 прикажува сеопфатен преглед на вашиот тренинг, вклучувајќи го времетраењето, потрошените калории, отчукувањата на срцето и многу повеќе. Ако вежбате редовно, можете да се повикате на претходните неделни податоци за вежбање за систематски да управувате со вашето здравје.

18 часот: Користете паметни функции оптимизирани за активности на отворено

Поминувањето повеќе време надвор со вежбање или активности на отворено може да ви помогне да се опуштите и да се поврзете со природата во вашиот живот од соништата. Благодарение на зголемената издржливост и неговата паметна функционалност за помош при вежбање, Galaxy Watch5 Pro е совршен партнер за вежбање, кој ви прави друштво и ви помага да останете мотивирани за време на секоја активност на отворено. Дисплејот од сафирен кристал и рамката од титаниум, го прават Galaxy Watch5 Pro доволно цврст и отпорен на гребаници, овозможувајќи им на корисниците лесно и удобно носење на часовникот за време на активности на отворено.

Ако уживате во пешачење или возење велосипед на долги растојанија, паметните функции базирани на GPS ви помагаат да ја мапирате вашата рута. Galaxy Watch5 Pro доаѓа со функцијата Route Workout, која може да складира маршрути и за повторна употреба. Функцијата Track Back ве води назад до местото каде што сте започнале со повторно следење на вашата рута, што е особено корисно за активности на отворено како на пр. планинарењето.

Споделете ги вашите снимени маршрути со други корисници на Galaxy како датотека со GPS Exchange Format (GPX) со користење на функцијата Route Workout. Можете да преземате GPX-датотеки споделени од други лица на вашиот Galaxy Watch5 Pro за да ги искусите истите маршрути преку функцијата за навигација „turn-by-turn“.

Дополнително, слично на навигацијата во автомобилите, функцијата turn-by-turn непречено ве води низ снимените рути за вежбање користејќи вибрации и гласовни команди. Дизајниран специјално за активности на отворено, часовникот обезбедува приспособено упатство за ситуации кога не можете лесно да погледнете на екранот на часовникот, како на пример кога возите велосипед или пешачете.

Со подобрен капацитет на батеријата од 590 mAh, користете го Galaxy Watch5 Pro со часови и искусете проширен опсег на функции и зголемена употребливост.

21 часот: Фокусирајте се на себе со активно откажување на бучавата (ANC)

Навечер по долгиот ден, одвојте моменти за да се фокусирате на себе и да се смирите, и на тој начин да се ослободите од стресот на денот. Функцијата за активно откажување на бучавата (ANC) на Galaxy Buds2 Pro ја блокира бучавата за да „потонете“ во звуците насмирувачката музика или да се фокусирате на звукот на вашиот здив.

Серијата Galaxy Watch5 го мери и нивото на стрес и крвниот притисок. Кога нивото на вашиот стрес е високо, следете ги упатствата на часовникот и фокусирајте се на длабокото дишење за да се рефокусирате и да си дадете ментална пауза.

 Со плејада уникатни карактеристики, Galaxy уредите за носење ви помагаат да се грижите за вашето физичко и ментално здравје. Со оглед на желбите и потребите на корисниците, уредите за носење обезбедуваат иновативни карактеристики, подобрени перформанси и практичност, помагајќи ви да го живеете животот од соништата.

ПР објава

Слично

Поврзани вести