24 Часа: Заев и Мицкоски молчат за придонесот на бугарската армија во ослободувањето на Скопје
Бугарски „24 Часа“ денеска ги пренесува честитиките на премиерот Зоран Заев и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски по повод Денот на ослободувањето на Град Скопје - 13 Ноември, но смета дека и двајвата политичари заборавиле да го споменат придонесот на бугарската армија.
„И двајцата не го спомнаа учеството на бугарската војска, која во тоа време се бореше во состав на Третиот украински фронт, при ослободувањето на Скопје од германската окупација“, гласи заклучокот на „24 Часа“.
Инаку веќе подлго време во Македонија се води дебата дали навистина бугарската армија учествувала во таков акт, или пак тоа е дел од пропагандата која доаѓа од страна на Бугарија. Македонските историчари се на ставот дека такво нешто не постоело.
