Економија, финансии, бизнис

Контакт

24 Часа: Со Македонија да ги размениме Васко Жабата и Гоце Делчев

24 Часа: Со Македонија да ги размениме Васко Жабата и Гоце Делчев

Најпопуларниот информативен портал во Бугарија, 24 Часа, денеска предлага размена на ликот Васко Жабата од популарната песна на оркестарот „Камчија“ со македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Ова е текстот на песната на оркестарот „Камчија“ во која се појавува Васко Жабата. Интересно е што неговата пријателка и колешка Цецка Мецата останува незабележана од тиктокерите и останува во заборав. И двајцата во дует можат да станат најдобриот извозен производ на Бугарија. Или барем разменете ги со Македонците за Гоце Делчев“, коментира 24 Часа.

Електронското издание пишува дека изминатиот период оваа песна стара 8 години е „културен феномен“ во Македонија и во Србија.

Слично

Поврзани вести