Економија, финансии, бизнис

Контакт

„24 Часа“: Мицкоски не ги сака Бугарите во Уставот, а на Википедија пишува дека зборува бугарски

„24 Часа“: Мицкоски не ги сака Бугарите во Уставот, а на Википедија пишува дека зборува бугарски

Бугарски „24 Часа“ денеска во објавен текст наменет за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пишува дека тој се противи на внесувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав, но дека истовремено во амкедонската биографска верзија за него на Википедија стои дека зборува уште и на англиски, италијански, српски и бугарски јазик.

„Биографијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Република Северна Македонија (РСМ), кој со својата партија е најмногу против влезот на Бугарите во нивниот устав, е полна со противречности. Христијан Мицкоски се декларира како поддржувач на евроинтеграциите, но за големи пријатели на својата земја ги признава српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан, познати по своите проруски позиции.

Мицкоски, пак, за медиумите во РСМ никогаш не зборуваше за ниту еден факт од својот живот. Во северномакедонската верзија на Википедија пишува дека течно зборува бугарски, како и српски, италијански и англиски.

Каде и зошто учел бугарски не е јасно од публикациите на веб-страниците на југозападот. Изворот е официјалната веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ, но во моментов информацијата ја нема. А во англиската и бугарската верзија на Википедија фактот е отсутен.

Пред две и пол години стана јасно дека неговата балдаза има бугарски пасош, но тогаш Мицкоски изјави дека тој и неговата сопруга Роза имаат само македонски лични документи“, пишува „24 Часа“.


Слично

Поврзани вести