23-годишник со месеци злоупотребувал петгодишно девојче - поднесено обвинение
Жител на скопско Волково е обвинет за полов напад врз петгодишно дете, а како што соопштува Основното јавно обвинителство Скопје против него е покренат Обвинителен акт.
Станува збор за 23-годишник од Волково, за кого се обезбедени докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.
- Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко - укажуваат од ОЈО.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Слично
