22 ДЕНА БОРБА: Полковникот го победи вирусот, денеска заминува од Инфективната клиника
Полковникот на АРМ кој со корона вирусот се зарази во Централноафриканската Република, по 22-дневна борба на Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска излекуван си заминува дома. Убавата вест ја објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска која вели дека е среќна завршницата на патешествието на потполковникот.
-По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него. Благодарност до сите, напиша министерката Шекеринска.
Слично
