22-годишен неготинчанец со bmw од Луксембург превезувал емигранти од Кина
Полицијата уапси криумчар од Неготино откако пронајде тројца илегални емигранти од Кина.
„На 10.11.2025 во 19:00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода М.И.(22) од Неготино. При контрола во патничко возило „бмв х1“ со луксембуршки национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се три лица мигранти од Кина, додека при дополнителни проверки констатирано е дека табличките припаѓаат на друго возило“,информира МВР.
Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител. Против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
