Економија, финансии, бизнис

Контакт

21 година постоење одбележува НБРМ

21 година постоење одбележува НБРМ
Народната банка на Република Македонија, по повод 21 година монетарна самостојност, организира меѓународна експертска конференција на тема: „Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?“, што ќе се одржи денеска во Скопје. Оваа конференција има за цел да ги поврзе истражувачите од академските институции и институциите коишто изготвуваат политики, да понуди дискусија заснована врз истражувања и совети коишто ќе бидат релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот. Конференцијата ќе биде организирана во три сесии коишто покриваат важни теми за централните банки, академските или истражувачките институции. Во  рамките на овој настан ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.
Слично

Поврзани вести