2016 НИЗ БРОЈКИ: Податоци кои можеби не ги знаете за Македонија
„2016 низ бројки“ е публикација која ја објави Државниот завод за статистика.
Во неа стои дека оваа годинава земја ја посетиле 457.654 странски туристи и 312.926 домашни гости. Странците најчесто биле сместени во хотели со 4, 5 и 3 ѕвезди.
32.1% од новите фирми се во сектор трговија. Во 2016 година од вкупниот број на предвидени станови за градење секој четврти бил во општина Карпош.
Стапката на невработеност во првото тромесечје била 24.5%, во второто 24% и во третото 23.4%.
93.8% од фирмите кои имаат 10 и повеќе вработени имале пристап до интернет.
75.3% од домаќинствата оваа година имале пристап до интернет.
Слично
