Економија, финансии, бизнис

Контакт

2015 ЗАДОЛЖУВАЊА: Во првата половина од годината – за враќање 400 милиони евра!

2015 ЗАДОЛЖУВАЊА: Во првата половина од годината – за враќање 400 милиони евра!
Министерството за финансии го објави полугодишниот план за задолжување и раздолжување со домашните кредитори во новата 2015 та година. Во првите шест месеци, по основ на доспеани обврски, Владата на домашните кредтори треба да им врати 393 милиони евра. Министерот за финансии вели дека Буџетот за 2015 та ќе биде во добра ликвидносна кондиција, а сите кредити и обврски ќе се плаќаат без проблем и на време. На истекот од оваа година, заклучно со октомври, само по основ на задолжуања на домашен пазар, Владата должи 1,1 милијарда евра. Растат долговите што ќе се враќаат по 5 и 10 години… Во првата половина од 2015 та година, само на домашните кредитори по основ на доспеани долгови Владата треба да врати скоро 400 милиони евра. Министерството за финансии го објави Календарот за задолжување и раздолжување во првите два квартали од новата економска година. Првото задолжување по Нова Година, треба да се случи на 13 јануари. Во текот на шесте месеци закажани се 12 акуции, односно продажби на државни хартии од вредност преку кои ќе се обезбедуваат пари за тековни буџетски трошења. Министерот за финансии уверува дека и покрај тоа што во првата половина од следната година, само по основ на домашно задолжување, државата треба да врати 400 милиони евра, простор за загриженост нема.
“Парите што се потребни за раздолжување следната година се веќе обезбедени и проектирани во Буџетот за 2015 та. Еврообврзницата што навреме ја земавме под исклучително поволни услови и таа ќе овозможи во 2015 та година да нема ново задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар. Така да не треба да има грижа, средствата се обезбедени во Буџетот, проектирани, а буџетот е веќе усвоен во Собранието. До година навреме ќе се сервисираат сите обврски и ќе има добра ликвидност на Буџетот“ - изјави министерот Ставрески.
Според податоците на Министерството за финансии, на завршницата од оваа година, не само што се зголемија задолжувањата на домашниот пазар, туку значајно се промени и нивната структура според рочноста. Од почетокот на оваа година почнаа долгорочните задолжувања на домашен терен, особено засили продажбата на државни хартии од вредност со рок на доспевање од пет години, а за прв пат се спроведе и продажба на домашни обврзници што ќе се враќаат по десет години. Така, анализата на бројките покажува дека во јануари состојбата со долговите со рок на доспевање од десет години изнесувала 2,8 милиони евра а веќе на крајот на октомври, овие обврзници го зголемиле учеството на 3,7% или во апсолутна бројка од 42 милиони евра. Според економиситите, кога се зборува за долгорочните хартии од вредност, за кредиторите поатрактивни се оние со девизна клаузула.
“Каматата може да биде променлива, тоа значи да се врзе за одредени, други движења, најчесто во ваков случај би се врзала за други, стабилни камати. Следната опцијае фиксна камата, без можност за промена и третата опција е купонската камата да биде со девизна клаузула. Во ваков случај, купувачите се заштитени од евентуална девалвација на денарот, додека издавачот, односно државата пак се соочува со опасноста од зголемени трошоци.“ - коментираат познавачите.
Драматичен пораст има и кај задолжувањата што ќе треба да се враќаат по пет години. Според податоците на Минстерството за финансии, уделот на овие задолжување се зголеми на ниво од скоро 30 отсто. Според најавите од Владата, овој тренд на долгорочно задолжување на домашен терен ќе продолжи и догодина. Во исто време, се менува и структурата на кредиторите, односно банките го намалуваат своето учество, додека осигурителните компании и пензиските фондови стануваат се поголеми владини кредитори. Вчера, под основ на доспеани долгови, Владата на домашните кредитори им врати скоро 68 милиони евра. Ова беше практично и последното раздолжување за оваа 2014 та години, но не и последно задолжување. Имено, до крајот на оваа година најавени се уште две задолжувања од домашните кредитори. Со заемите на домашниот пазар, државата главно ги финансира тековните буџетски трошења, или со парите од новите задолжувања, раздолжува веќе доспеани долгови. Според податоците, на крајот од октомври Владата на домашните кредитори им должела 1,1 милијарда евра. За десет месеци, или од јануари до октомври внатрешниот долг се зголемил за 86 милиони евра.  
Слично

Поврзани вести