Економија, финансии, бизнис

Контакт

200 души од Слупчане се насобрале и ја набркале екипата на ЕВН

200 души од Слупчане се насобрале и ја набркале екипата на ЕВН

Екипа на ЕВН денеска добиле закани по живот во кумановското село Слупчане при обид за започнување со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата, по што случајот го пријавиле во МВР.

Алсат ТВ објави дека толпа од 200 селани на организиран начин го блокирале влезот на селото и не им дозволувале на екипите на ЕВН да работат.

Од ЕВН велат дека ваквите реконструкции на мрежата се потребни за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото за да во иднина не се соочуваат со дефекти.

Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра, односно околу 6 GWh. Процентуално, 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20 проценти фактурирана енергија се напплаќа.


Слично

Поврзани вести