20 скопјани делеле иста соба и базен во Крушево летоска, МВР сега им поднесе пријави
Полицијата поднесе кривична пријава против 20 скопјани кои биле затекнати како седат во иста соба, а во истиот број надвор од актуелните здравствени прописи на 19 септември го користеле и хотелскиот базен.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против И.Г. (42), Д.В.(42), З.Б.(29), М.А.(33) В.М.(36), Е.С.(32), Д.Т.(27), С.Н.(19), Н.М.(26), С.М.(36), М.Ц.(36), М.М.(48), А.К.(34), С.К.(36), Б.Г.(38), А.Н.(40), Г.С.(36), В.Д.(36), М.К.(36) и М.Д.(43), сите од Скопје
„На 19.09.2020, пријавените биле во една соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од страна на персоналот на хотелот да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Истиот ден, тие влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното, спротивно на протоколот според кој дозволено е присуство на максимум шест лица во базен“, соопшти МВР.
