20-ГОДИШНИ ЛУЃЕ БЕЗ КОМОРБИДИТЕТИ НЕДЕЛАВА ПОЧИНАА ОД КОВИД: Реакција на д-р Лазаров-да умреа во еден ден 36 кучиња или мачки протести ќе имаше сигурно
Само во текот на изминатите пет дена, односно од понеделник до петок во Македонија починаа 151 пациенти поради компликации од корона вирусот. Поразителен е и податокот што меѓу нив има млади 20-годишни луѓе. Вчера почина 24-годишно момче од Ресен, два дена претходно 21-годишно момче од Тетово. И двајцата без ниту еден коморбидитет.
Здравствените власти единствено информираат дека не биле вакцинирани, како и тоа дека момчето од Ресен на своја одговорност заминало од болница. Во однос на лекувањето на пациентите болни од корона вирусот, министерот за здравство, Венко Филипче, пред неколку дена на прес-конференција изјави дека се се прави според протоколите за лекување на болеста и дека лекарства има во сите болници.
Но, реакциите на граѓаните не стивнуваат. Од целиот регион, само во Македонија се регистрира енормно висока стапка на смртност поради компликации од Ковид-19. На својот профил на Фејсбук, по вчерашниот црн биланс, откако починаа 36 луѓе, реагира и д-р Ненад Лазаров.
