Економија, финансии, бизнис

Контакт

20 електрични автобуси како замена за трамвај во Скопје

20 електрични автобуси како замена за трамвај во Скопје

Градските власти најавија проширување на проектот „Електра“ за користење на економични, еколошки и електрични возила за потребите на јавните претпријатија. Заедно со Владата најавија нов проект кој е веќе познат за државни субвенции за инсталирање плински уреди и електрични автомобили за граѓаните, а најавено е и набавување на 20 електрични зглобни автобуси со поголем капацитет за превоз на патници како и 30 мини автобуси исто така на електричен погон.

- Со набавката на 20-те дводелни електрични автобуси ќе се постигне истиот еколошки ефект како за изградба на трамвај кој чини неколкукратно поскапо, а и трамвајот и електричниот автобус имаа речиси нула загадување. Иако се планираше, трамвајот не се реализираше само заради високата цена која ја побараа сите производители и можни концесионери, и со која за да има приближно иста цена како автобусот, требаше две третини од цената да ја субвенционира државата, што заедно со инвестицијата за копање и поставување шини, како и набавка на возилата трамвај, ќе ја чинеше државата годишна субвенција меѓу 11 и 14 милиони евра во период од 30 години, најави Груевски. 

Градскиот татко Трајановски посочи дека електричните автобуси ќе ги намалат трошоците за гориво на ЈСП и ќе го намалат загадувањето. Сепак, се уште нема конкретни информации кога ќе започне набавката на 50 електрични возила за јавен превоз кои дефинитивно го откажуваат проектот за трамвај. 


Слично

Поврзани вести