180 ДЕНА ИЛИ ШЕСТ МЕСЕЦИ ЌЕ ТРАЕ КОВИД-СЕРТИФИКАТОТ ПО ПРЕЛЕЖАНА БОЛЕСТ: Нова препорака на Комисијата за заразни болести
Наместо
досегашните 45 дена, ковид сертификатот по прележана болест сега ќе важи 180
дена, нова препорака на Комисијата за заразни болести, за која информираше
портпаролот, д-р Злате мехмедовиќ. Од
Комисијата сметаат дека нема никаква логика и оправданост да се укинуваат
сертификатите, пред се, како што рече, д-р Мехмедовиќ заради тоа што опфатот на
вакцинација во земјава е околу 40 проценти, и во ниту еден момент не може да се
споредуваме со држави како Данска или како Велика Британија.
-Онаму каде што сертификатите се укинати, имунитетот од вакцинацијата и со прележаност надминува 80 проценти.Во Данска е вакцинирано 85 отсто од населението, во Велика
Британија 80 проценти, а кај нас двојно помалку околу 40 отсто. Не може да ги
гледаме работите индивидуално, мора да видиме каква е епидемиолошката состојба
кај нас и да носиме одлука. Ако ги укинеме сертификатите за
затворен простор ќе направиме голема трансмисија на вирусот. А, вистинскиот сертификат секако е доказ дека
лицето што го поседува има некаква заштита, во однос на оние кои немаат
сертификат, посочи д-р Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.
