Економија, финансии, бизнис

Контакт

18 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДЕН ДЕН: Повеќе оздравени од новозаболените и ова деноноќие

18 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДЕН ДЕН: Повеќе оздравени од новозаболените и ова деноноќие

Нови 50 позитивни случаи се регистрирани во последните 24 часа, објави денеска Министерството за здравство. Направени биле 2.955 тестирања. Најмногу новорегистрирани се во Скопје повторно, а починале дури 18 лица.

Од новозаболените од Скопје се 27, Куманово – 5, Прилеп – 4, Гостивар – 3, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2, Струмица, Гевгелија и Виница – по 1.

Регистриран е 81 оздравен пациент, а статистиката за починати повторно е поразителна. Од 18 кои ја изгубиле битката 8 лица се од Скопје (имаат по 63 ,67 ,69, 72, 72, 77, 80 и 88 години), 3 лица од Тетово (75, 76, 78 години), 2 лица од Битола (84 и 88 години) и по едно лице од Прилеп (68 години) Кавадарци (79 години), Кочани (74 години), Радовиш (80 години) и Дебар (55 години).

Од пријавените, 7 лица  се починати  во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 788.300 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449.


Слично

Поврзани вести