Економија, финансии, бизнис

Контакт

175 НОВОЗАРАЗЕНИ и 5 ПОЧИНАТИ: 18 проценти од тестираните се позитивни на корона вирусот

175 НОВОЗАРАЗЕНИ и 5 ПОЧИНАТИ: 18 проценти од тестираните се позитивни на корона вирусот

Од вкупно 971 тестирања, за едно деноноќие во земјава има 175 новозаразени со Ковид-19. Најголемиот број се во Скопје, дури 131 случај, а следува Куманово со 24. Во останатите градови: Тетово 5, Велес 4, Штип 2, Струга 2, Гостивар 2, Светиниколе 2, во Охрид 1 позитивен.

За 24 часа починаа пет пациенти и тоа: на Клиниката за инфективни болести при прием во амбуланта почина еден пациент од Прилеп (72г), додека во ГОБ „8 септември“ починаа четворица пациенти: од Скопје-пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни, пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.


Слично

Поврзани вести