Економија, финансии, бизнис

Контакт

17-ГОДИШНИ МОМЧИЊА НАПАДНАТИ ПРЕД МАРКЕТ ВО СКОПСКИ ЧАИР: Со исеченици итно пренесени во старата Градска болница

17-ГОДИШНИ МОМЧИЊА НАПАДНАТИ ПРЕД МАРКЕТ ВО СКОПСКИ ЧАИР: Со исеченици итно пренесени во старата Градска болница

Две момчиња на возрас од 17 години биле нападнати пред маркет во скопската населба Чаир. Настанот се случил завчера вечерта, односно на 28.07.2021 во 21.25 часот, информираат од СВР Скопје.

Повредените момчиња со расеченици итно биле пренесени во Специјалната болница по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ или поранешна Градска болница.  

Во разговор со полициските службеници тие изјавиле дека пред маркет на подрачјето на Чаир биле нападнати од три лица кои користеле остар предмет.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.  


Слично

Поврзани вести