Економија, финансии, бизнис

Контакт

16-годишно момче нападнато и избодено во Тетово

16-годишно момче нападнато и избодено во Тетово

16-годишно момче во Тетово било физички нападнато и избодено со нож од група млади лица.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, настанот се случил околу 21 часот. 

-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на улица „Јане Сандански” во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица, а  едно малолетно лице било  повредено со остар предмет. Служби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Јосифоски

Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.




Слично

Поврзани вести