Економија, финансии, бизнис

Контакт

16-годишник од Албанија со „мерцедес“ удрил во камион од Берово и завршил во болница

16-годишник од Албанија со „мерцедес“ удрил во камион од Берово и завршил во болница


Полицискиот билтен информира дека вчера во 08.00 часот во Струга на магистрален пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом малолетник од Албанија со возило „мерцедес“, исто така од Албанија, удрил во товарно возило од Берово и завршил во болница со тешки телесни повреди.

Возилото било управувано од 16 годишен малолетник кој удрил во товарно моторно возило „сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(63) од Велес. 

„По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св.Еразмо Охрид“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга“, соопшти МВР

Слично

Поврзани вести