„150 СТАНА НЕ УСПЕАВМЕ ДА ТЕ СОЧУВАМЕ ОД МОНСТРУМОТ“: Сведоштво на соседка на мајката што со детето загинаа по пад од тераса
Мајка и нејзината малолетна ќерка го загубија животот по пад од зграда во скопската населба Тафталиџе, во Општина Карпош. Трагедијата се случила вчера во попладневните часови.
Локацијата со часови беше обезбедена од полициски службеници, а на терен беа присутни и екипи на Итната медицинска помош.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека околу 14:15 часот било пријавено дека од балкон од станбена зграда паднале женско лице и малолетно дете.
– На лице место од страна на лекар била констатирана смрт кај двете лица – информираат од МВР.
Јавното обвинителство отвори постапка за расчистување на случајот. Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот, а наредена е обдукција на телата, како и прибирање на траги и докази.
Во координација со МВР, се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за околностите и причините за трагедијата.
На социјалните мрежи се споделуваат сведоштва од соседите на починатите мајка и ќерка. велат дека не успеале да ги сочуваат.
„Почивајте во мир , Ивана и Кате
150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше ,
Сите сме виновни во оваа приказна и ние и сите Институциите исто така !
За жал згаснавте два млади животи , а причината е една и има име и презиме Стојанче Јовановски
Не ја обвинувајте мајката очигледно тој и бил последниот излез од мракот во кој што беше
А ти Стојанче си да те бесат на плоштат и да те сецкаат на парчиња па да видиш што е болка , лесен е алкохолот па да покажуваш сила на жена и дете МОНСТРУМ“, пишува Тања Спировска.
Се споделува и наводна фотографија од вибер групата на станарите кои им биле соседи. Во зградата се слушало малтретирањето, па една од сосетките викнала полиција.

