Економија, финансии, бизнис

Контакт

15 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДЕН ДЕН: Најнова ковид статистика

15 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДЕН ДЕН: Најнова ковид статистика

Во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Од новозаболените од Скопје се 128, од Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип -  по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.

Регистрирани сe 111 оздравени пациенти. Се информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15  починати лица. Од нив 6 починати лица се од Скопје кои имаат од 64 до 75 години. Има по едно починато лице од Прилеп (79 години), Битола (88 години), Велес (72 години), Кавадарци (63 години), Охрид (82), Штип (69 години), Крива Паланка (41 година), Пробиштип (86 години), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Починатотот лице е на возраст од 82 години, од Охрид, починато во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.


Слично

Поврзани вести