Економија, финансии, бизнис

Контакт

15 јули е прогласен за неработен ден

15 јули е прогласен за неработен ден

15 јули, денот на изборите е прогласен за неработен ден. 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 74-та седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

На изборите на 15 јули своето избирачко право ќе можат да го искористат 1.814.263 милион граѓани. 

Слично

Поврзани вести