Економија, финансии, бизнис

Контакт

14 НОВОЗАРАЗЕНИ Е МНОГУ ЗА ВО НЕДЕЛА: Проф. Трајковски анализира-вирусот пак почнува да се шири, „виновна“ е делта варијантата

Професорот од битолскиот Универзитет, Дејан Трајковски, во неговата последна анализа за состојбата со епидемијата на Ковид-19 во Македонија, наведува дека повторнио имаме ширење на корона вирусот.

-Но, не се само дневните броеви на нови случаи и ефективниот репродукциски број Rt во пораст. Започна да расте и стапката на позитивни тестови, при приближно константен дневен број на тестирања – јасен индикатор дека вирусот одново започнува да се шири. Така тоа започнува. Изненаден сум од високата вредност на репродукцискиот број Rt, иако на почеток тој секогаш има повисоки вредности. Пред влегувањето на Делта сојот имавме Rt околу 0,70, па сметајќи со 40%-60% поголема преносливост очекував летово тој да достигне 1,0-1,1, односно само проста репродукција, но моментално изгледа дури и полошо, пишува проф. Трајковски.

Слично

Поврзани вести