Економија, финансии, бизнис

Контакт

14-годишниот убиец на Македонецот во Сончев Брег останува во притвор, жестоко претепал и Украинец

14-годишниот убиец на Македонецот во Сончев Брег останува во притвор, жестоко претепал и Украинец

Окружниот суд во Бургас му одреди притвор на 14-годишниот Мишо Асенов, обвинет за убиство на македонскиот државјанин во Сончев Брег и телото го покрил со даски во шумата.  Обвинителот во случајот посочи дека момчето со умисла го сторил делото. Според неговиот адвокат, сепак, се работи за самоодбрана.

На денешното рочиште државното обвинителство презентирало извештај од полицијата во Несебар, од која јасно се гледа дека против момчето се води истрага и за друго кривично дело, јавува БНР.

„Станува збор за лик веќе познат на медиумите, кој на 5 февруари годинава бил спречен да изврши кражба во Сончев Брег од украински државјанин и го нападнал. Се води предистражна постапка и вештачење. Наредени се прегледи, вклучително и судско-медицински, колку што разбрав, на украинскиот државјанин. Ова не му е прв обид да нападне некого на ваков начин“, објасни обвинителот Иван Кирков.

Постојат докази дека убиството било намерно. „Во моментот кога ја удрил жртвата и на распитот рекол дека веднаш си заминал без да знае дека лицето починало, го покрил со остатоци од душеци и неколку даски“, додаде обвинителот.

На средбата тој посочи дека има докази дека исчезнатите пари на Македонецот биле искористени за враќање на кредит во заложна куќа во Сончев Брег. Тоа го поткрепува и сведочењето на мајката на момчето. На распитот таа објаснила дека во чантата на момчето пронашла 1.400 лева. Нејзиниот син и рекол дека ги добил од пијан турист зад некој ресторан. На тоа укажал и братот на момчето.

Неговиот адвокат - Радостин Пенев побара полесна мерка притвор. Тој објаснил дека момчето соработувало со полицијата, а убиството било извршено во самоодбрана.

„Замислете 14-годишно дете кое било цел на 50-годишен маж кој за три часа го налевал со алкохол. Потоа го однел во шума и му понудил 50 лева да му плати. и се обидел да го силува. 50-годишниот маж бвил удрен од мојот клиент во глава кога тој се свртел и се обидел да побегне“, изјави бранителот.

Адвокатот додаде дека нема докази дека момчето се обидело да го сокрие телото, а тоа можело да го направи и некој друг. Телото е откриено неколку дена подоцна, а во околината има наркозависници, додаде бранителот.

Пред судот Мишо Асенов рече дека му е жал за делото.


Слично

Поврзани вести