14-дневен карантин за сите кои ќе допатуваат директно од Британија: Нова препорака на Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок препорачува нова мерка, односно 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во Македонија со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.
Новата рестриктивна мерка за влез во земјава, Комисијата за заразни болести ќе ја предложи на владиниот кризен штаб, а членовите на Комисијата ја препорачуваат превентивно, откако има информации дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.
-Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка - како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните, информира Министерството за здравство.
ФОТО Фејсбук