Економија, финансии, бизнис

Контакт

135 студенти на УКИМ добија стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

135 студенти на УКИМ добија стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

135 студенти од првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, денес добија стипендии. Годишно секој студент ќе добие 120.000 денари стипендија како поддршка за своите студии. Стипендиите се обезбедени од фондацијата „Атанас Близнакоф“, која заедно со организацијата Македонија 2025 и во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги додели овие стипендии како поддршка за новите академски граѓани.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но и кои немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование. Стипендистите се од различни делови на Македонија, со речиси еднаква родова и етничка застапеност.

Иако првично беше планирано да бидат доделени 40 стипендии, фондацијата „Атанас Близнакоф и семејството, одлучија оваа година бројот на доделени стипендии да се зголеми, односно да се поддржат сите апликанти кои се пријавија на овој конкурс.

„Сметаме дека овие млади мотивирани луѓе, кои потекнуваат од социјално-ранливи семејства, заслужуваат да им се даде можност да го продолжат своето образование на факултет по нивен избор, со што би го поддржале нивниот професионален развој и успех. Убедени сме дека овие млади таленти во иднина ќе бидат успешни професионалци, кои ќе придонесат за понатамошен развој и напредок на Македонија„ изјави г-дин Митре Кутановски, ко-основач на Македонија2025, претставник на семејството на Атанас Близнакоф и претставник на фондацијата „Атанас Близнакоф„ од САД.

На настанот свое обраќање имаше и Проф. Д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ Скопје кој даде кратка ретроспектива за животот и делото на Атанас Близнакоф, како и околу иницијативата и целите за основање на фондацијата Атанас Близнакоф и истакна „Овој хуман гест, прв во историјата на нашиот универзитет има двојно значење, првото содржано во самата намена на фондот, желбата на Атанас Близканоф да го стимулира тоа што е за секој народ најдрагоцено и најпотребно – знаењето,а второто е создавање на една традиција во нашиот образовен и културен живот се манифестира љубовта и приврзаноста на нашите сонародници кон својата земја„. Понатаму тој истакна дека од периодот 1977 година до 2000 год корисници биле над 269 стипендисти, додека од 2000 - 2010 година фондацијата има поддржано над 250 студенти на УКИМ.„

Во име на Македонија 2025, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски изрази големо задоволство од доверената можност на организицијата да го прошири своето портфолио на образовни програми и да се вклучи во процесот на промоција и селекција на кандидатите за стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“. Македонија2025, преку најновата е-алатка Платформа за е-стипендии обезбеди висока транспарентност и објективност на процесите, истакна Мојсовска Блажевска и додаде дека радува фактот што иселениците не ја забораваат својата татковина и даваат поддршка особено за развој на човечкиот потенцијал во земјата.

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ e основана во 1977 година од еден од најголемите донатори од дијаспората. Стипендиите од Фондацијата се обезбедуваат од камати и од дивиденди на Фондацијата “Атанас Близнакоф” во САД. Во 2018 година се формираше сестринска фондација во САД со што се ослободени 5 милиони американски долари кои од смртта на Близнакоф во 1998 година стоеле блокирани во САД.

ПР објава

Слично

Поврзани вести