Економија, финансии, бизнис

Контакт

130 ромски семејства добија заем за легализација на домовите во Прилеп

130 ромски семејства добија заем за легализација на домовите во Прилеп

Со потпишување нови 12 договори се заокружи бројката од  130  ромски семејства од Прилеп на  кои  им е обезбеден  18-месечен заем за покривање на трошоците за легализација на нивните домови, преку проектот  „Легализација за домување на Роми“ што го спроведува невладината организација „Хабитат“.

Проектот почна од 2012 година, а рокот за негова крајна реализација е 2015 година,  до кога е предвидено 280 ромски семејства од општина Прилеп да добијат финансиска, административна и техничка помош за легализација на нивните домови.

Со овој проектот се очекува значително да се зголеми бројот на Роми, сопственици на домови и да обезбеди посигурна иднина за голем број на ромски семејства.

Слично

Поврзани вести