13 сообраќајки вчера во Скопје, колку возачи со казна „почести“ МВР ?
Во текот на изминатиoт ден (16.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 10 со телесни повреди и две со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 10 лица се здобиле со лесни телесни повреди. 63 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 31 возачи, бидејќи 17 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и 12 го управувале возилото под дејство на алкохол. 22 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 18 биле нерегистрирани, две технички неисправни и две со претовар. Седум возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минувивање на пешаци, двајца неправилно се престроиле и четворица не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 114 мандатни платни налози, додека исто така 74 возила се подигнати со "Пајак".
