Економија, финансии, бизнис

Контакт

13-годишник со електричен тротинет удри во паркиран автомобил во Кичево, се здоби со тешки повреди

13-годишник со електричен тротинет удри во паркиран автомобил во Кичево, се здоби со тешки повреди

Тринаесетгодишно момче од Кичево се здобило со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрило во паркиран автомобил на улицата „Рудничка“ во Кичево.

Несреќата била пријавена вчера во 11:15 часот во ОВР Кичево. Според полициското соопштение, малолетникот управувал електричен тротинет, по што удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки.

Повредите кај 13-годишникот биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево, а увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево.

Во продолжение целото соопштение од МВР.

„На 04.06.2026 во 11:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.“

Слично

Поврзани вести