Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Илинден се градат нови објекти

Во Илинден се градат нови објекти

 Во општина Илинден на повеќе локации во деветте локални економски зони интензивно се работи на изградбата на нови стопански објекти. Досега во економските зони се почнати 110 инвестиции за изградба на нови стопански капацитети. Комплетно се изградени и ставени во функција 75 стопански објекти, дел се во завршна фаза, а дел почнуваат да се градат.

- Во својата Стратегија, општина Илинден е насочена кон овозможување услови за нови инвестиции, како и поддршка за проширување на веќе постоечките, се вели во соопштението од општина Илинден.

Преку промовирање на потенцијалните можности за инвестирање, развиената инфраструктура, природните ресурси и расположливата работна сила, се наведува во соопштението од општина Илинден,  се дава позитивен импулс за влез на нови инвеститори, како и отворање на нови работни места.

Слично

Поврзани вести