11 октомври одбележан во Берово со положување цвеќе
Кандидатот за градоначалник на Берово Звонко Пекевски заедно со предложената листа засоветници од СДСМ во чест на големиот македонски празник 11-ти Октомври положија свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци во НОБ.
Пред положување на цвеќето, Звонко Пкеевски заедно со младите активнсти на СДСМ извршија темелно чистење на споменикот, како симболика за негувањето на вистинските вредности, почит кон историјата за сите кои го дале својот живот, за сите кои учествувале во борбата за македонската независност.
- Почитта кон историјата, кон луѓето кои ги дале своите животи во борбата против најголемото човечко зло кое му се случило на човештвото - фашизмот е една од вистинските вредности кои треба да се негуваат, кои треба да се пренесуваат на младите генерации како лекција која никогаш не сакаме да ни се повтори. Поделби, негрижа за културното и историското наследство, криминал се одлики на претходната власт и градоначалникот во заминување. Со режимот кој падна во Македонија и кој ќе падне во Берово, тие вредности кои беа заборавени ќе се вратат и негуваат, и многу посилно ќе се почитуваат во иднина, посочи Пекевски.
