100-те тротинети на Тетово на сервис
Без ниту една година помината од ставањето во употреба, 100 електрични тротинети што граѓаните можеа да ги изнајмат во Тетово исчезнаа, објавува ТВ21. На прашањето за ова, првиот човек на општината Билал Касами рече дека истите се во употреба и дека наскоро ќе бидат вратени во сообраќај.
„Ќе бидат вратени многу брзо. Тоа се превозни средства што се користат во временски услови. Операторот што го добил правото да ги пушти во сообраќај ги сервисирал и поправил сите бидејќи за жал голем дел од нив се оштетени и верувам дека многу брзо ќе бидат вратени во сообраќај“, нагласи Касами.
Од минатата година во Тетово можеше да се изнајми електричен тротинет, а со помош на апликација на мобилен телефон да се стартува и плати користењето. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја промовираше оваа можност за користење 100 електрични тротинети во градот, за што ќе се плаќа шест денари по минута.
