Економија, финансии, бизнис

Контакт

100 милиони евра за улици во Софија

100 милиони евра за улици во Софија
Со проект вреден 100 милиони евра, во Софија комплетно ќе се реновира патната мрежа. Европската инвестициска банка е подготвена да обезбеди половина од овие средства, а другите 50 милиони ќе дојдат од општинскиот буџет, соопшти заменик-градоначалникот за финансии Дончо Барбалов. Според него, целта е во следните 3-4 години да се реновираат сите улици во градот, но тоа не значи само асфалтирање на патните ленти, туку и поправка на тротоарите, улично осветлување, сообраќајни знаци и уредување. Покрај реновирањето на постојните улици, се предвидува и изградба на нови. Во моментов се прави финансиска конструкција и се пресметува враќањето на инвестициите. Предвидено е фиксна камата за заемот од околу 3.6% за 25 години, вклучувајќи и четири години грејс период.
Слично

Поврзани вести