Економија, финансии, бизнис

Контакт

100 ЛИЦА ОД КИЧЕВО СЕ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ - водата навлезе во домовите и во Охридскиот регион

100 ЛИЦА ОД КИЧЕВО СЕ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ - водата навлезе во домовите и во Охридскиот регион

Евакуирани се 100 тина жители на Кичево, чии домови се поплавени по обилните дождови кои ја зафатија нашата земја. Лицата се сместени во спортска сала, а на терен се екипи на повеќе институции. 

Поплавени домови има и во Охрид, каде е излеана реката Далјан пришто има навлезено во повеќе куќи, а како што информираат од Центарот за управување со кризи екипите исто така се на терен. 

Еве ги детали за штетите од обилните дождови низ земјава по региони. 

Тетовски и Гостиварски регион

Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, Општина Гостивар, е тешко прооден. За состојбата се известени ЕЛС Гостивар и ПС Чегране.

Забележано е излевање на Лакавичка река во с. Мало Турчане и на Сушечка река во с. Горна Бањица, Општина Гостивар. За настаните се известени надлежните институции и службите за итно дејствување, кои ја следат состојбата на терен.

Охридски и Кичевски регион

Во Општина Охрид евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и постапуваат по пријавите. Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен.

Во Општина Кичево, на ул. „Прилепска“, поплавени се повеќе стамбени објекти. Извршена е евакуација на околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. На терен интервенираа екипи на Црвен крст, ДЗС, РЦУК Кичево, ТППЕ Кичево, ЈП Комуналец и Општина Кичево.

На евакуираните лица им се обезбедени храна, вода, кревети, душеци и ќебиња.

Регистрирани се и излевања на Зајашка река во реонот над стадионот „Влазрими“ и новото училиште „Санде Штерјоски“, како и излевање на реката Треска на земјоделско земјиште во атарите на селата Бигор Доленци, Вранешти и околината.

Битолски и Преспански регион

Поради обилните врнежи од дожд е забележано зголемување на водостојот на реките и излевање на повеќе водотеци, при што се поплавени голем број куќи и дворни места. Во 09:00 часот е закажан состанок на Кризниот штаб на Општина Битола, со цел утврдување приоритети и координација на активностите на терен.



Фото: МИА

Слично

Поврзани вести