Економија, финансии, бизнис

Контакт

100 дневни глоби бидејќи не сакал да седи во самоизолација во Кочани

100 дневни глоби бидејќи не сакал да седи во самоизолација во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе казнен налог од 100 дневни глоби од по 20 евра за лице кое во тој град не ја почитувало мерката за самоизолација откако се вратил од странство.

За време на пандемијата обвинетиот на 16 март се вратил од земја со висок ризик од зараза при што потпишал изјава за самоизолација. Сепак, по два дена го напуштил домот.

ОЈО Кочани на судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 2.000 евра.


Слично

Поврзани вести