1,4 милиони евра за изградба на плоштадот „ВМРО“
Оглас за избор на градежна компанија распиша Град Скопје која ќе го изработи плоштадот „ВМРО“ чија локација треба да биде пред новото седиште на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кое е во градба.
Вредноста на плоштадот се проценува на 1,4 милиони евра. Покрај изградбата на плоштадот со површина од 681 метри квадратни, градската власт планира на оваа локација да постави нова фонтана и спомен – обележје. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 3 март.
Слично
