„ЗА ЖАЛ НЕМА ДА МЕ НАЈДЕТЕ НА ТИЕ ЛИСТИ“: Салиу вели за жал не бил на листата на УСАИД
Новинарот Фуркан Салиу се огласи за листите на УСАИД за кои изминатиот период се крена голема прашина.
„Постојано сум тагнат и ме барате по листите на проектите на УСАИД , па да ви објаснам некои работи…
За жал, нема да ме најдете на тие листи. Велам „за жал“ затоа што е привилегија да те поддржува држава што е симбол на слободата и демократијата.
И јас мислам дека тие грантови се злоупотребени од одредени лица во нашата држава, но да ги напаѓаш ИРЛ и 360 Степени е едноставно глупаво.
Да не беа ИРЛ и 360, ние немаше да знаеме што е истражувачко новинарство.
А ако ја анализираме поголемата слика, УСАИД и други странски организации со години инвестираат за да го променат менталитетот на народ што е навикнат да биде газен и контролиран. Народ што сè уште ја сонува Југославија и одбива да се прилагоди на новото време.
Народ што под „слобода“ подразбира да има некој познат во МВР и да вози како лудак по улиците. Или пак да корумпира некој лекар за да не чека ред.
Да има судија на speed dial за секој случај, а задолжително да биде во директен контакт со политичари за да се знае кој е кој во маалото.
Се надевам дека ќе дојде денот кога странските организации и држави нема да мора да инвестираат во нас. Тогаш ќе знаеме дека сме се нормализирале.
Но, дотогаш, секоја помош е добредојдена.
Да не беа тие странски држави и организации, денес ќе живеевме во монархија со суспендирана парламентарна власт – и ќе ни беше убаво, затоа што така најдобро се чувствуваме.
Како во 70-тите и 80-тите, кога светот се возеше во BMW, а мојот дедо и татко беа среќни со Фиќо и Застава, затоа што гледаа слики од честите патувања на Тито во Африка“, напиша тој.
