Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За заедничка Македонија“: Нема попуштање, избори па да видиме кој за што е

„За заедничка Македонија“: Нема попуштање, избори па да видиме кој за што е

Граѓаните кои ја поддржуваат иницијативата „За заедничка Македонија“ и денеска по 67-ми пат излегоа на улиците во Скопје за да протестираат со барање за нови избори и зачувување на унитарноста на Македонија. 

Велат нема попуштање и нема предавање. 

„Како и секој ден и овој ќе го завршиме пред Собранието по нашата патека, по патеката на државноста, а го започнуваме со македонската химна. И денеска во борба за своите правдини и слободен живот. Изборите се најлегитимното решение на оваа политичка криза. Избори, па да видиме кој за што е. Дали навистина има 700.000 за Тиранска платформа или пак, измамиле 1.200.000 граѓани?“ - вели  Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Му порачуваат на претседателот на државата, Ѓорѓе  Иванов да биде доследен, да не попушта, да го чува суверенитетот и унитарноста на Република Македонија.

Додаваат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери го црпи легитимитетот од евробикрати и амбасадори, а Иванов го црпи од 550.000 граѓани.

Слично

Поврзани вести