„ВО МАКЕДОНИЈА НЕ МЕ ВРАБОТИЈА, НО ВО АНГЛИЈА СТАНАВ ШЕФ ВО ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ БОЛНИЦИ ВО СВЕТОТ“: Искуството на доктор Минов го сподели Димитров
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, изминатиот период споделува искуства на доктори кои заминале од земјава.
„Мики Минов е врвен, македонски, а светски признат радиолог, со лична приказна што ја сублимира клучната болка на македонското здравство – партизацијата: „Наместо мене примија кандидат без ден работно искуство, ама активен партиски член. Директорот беше искрен – ми рече: „Мики, партијата така ми нареди, ќе има наскоро нови вработувања, ама мораш прво да се зачлениш“, вели тој. Мики не станал партиски член. Се отселил во Лондон. Се вработил во Imperial College Hospital (една од најдобрите сто во светот) и за четири години станал шеф на одделението за магнетна резонанца. Сега се врати во родната земја. Се приклучи на Граѓанската сила – „Замисли“ и додека многумина му се чудат на умот што од таква позиција и од таков среден систем решил да дојде назад, тој со насмевка вели: „Предизвикот е дома. Џабе сме успешни надвор, ако не се вратиме да си ја средиме земјичката““ се вели во постот.
