Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во иднина личната и здравствената картичка ќе бидат во едно?

Во иднина личната и здравствената картичка ќе бидат во едно?

Министерството за здравство најверојатно ќе распише тендер за фирма која ќе печати електронски здравствени картички, затоа што на 500 000 граѓани ќе им престане важноста на картичките до крај на годината.

Фирмите веќе почнаа да се враќаат сините картони. На овој начин ресорното министерство планира времено да го реши проблемот со картичките чиј рок е истечен, а фирмата која ги печатеше не работи поради недоразбирања со претходното раководство, кое не им ги исплаќало редовно ратите. 

Министерот најави дека во план е за две до три години личната и здравствената картичка да бидат во едно. Таравари рече дека разговарал и со министерот за внатрешни работи и се работи на оваа идеја. Вели дека оваа идеја е од одамна, но не е реализирана. 

„Ако можеме да најдеме некакво преодно решение да не чини многу би било идеално, но не знам колку е тоа технички возможно. Јас во понеделник имам закажано средба со директорите на Фондот за здравство и со службата за електронско здравство. Ќе седнеме ќе разгледаме за да најдеме најдобро решение за овој период од пет – шест месеци. Ако ништо друго барем да не се вратат сини картони, да се продолжат овие картички да функционираат или да одиме со нова набавка додека се организира нов тендер за нови картички“ - изјави Таравари.

Првите електронски здравствени картички се испечатени во 2011-та година, но и понатаму продолжија да се користат старите здравствените книшки.

Слично

Поврзани вести