Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата се гласа или паѓа со двата прста на Изет Меџити, тврди функционер од ДУИ

Владата се гласа или паѓа со двата прста на Изет Меџити, тврди функционер од ДУИ

Превирања има во ДУИ откако беа промовирани кадрите кои ќе станат министри. 

Фатмир Лимани Беќири, функционер од ДУИ на Фејсбук реагира во врска со поделбата на ресорите во партијата.

„Сабјата е во двата прста на Изет Меџити, кој треба да биде одлучувачки фактор кажувајќи им го местото на сите без разлика. Владата се гласа или паѓа со двата прста на Меџити“, напиша Лимани.

Меџити бил незадоволен од изборот на кадри. 

Не одело се така глатко на состанокот на Централниот совет на ДУИ, вчера додека партијата ги договараше и ги потврдуваше кандидатите за министри во идната Влада. Албански медиуми во земјава јавуваат дека разговорите се вжештиле, дури, и дека претставници на ограноците на ДУИ од Сарај и Чаир во знак на револт не учествувале на состанокот. 

Најголема причина за несогласувањата според медиумите се кандидатурите за министри на Артан Груби и Бујар Османи. 


ФОТО: Фејсбук

Слично

Поврзани вести