Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Хеликоптерска спасувачка акција на Шар Планина, евакуирана повредена италијанска државјанка

ВИДЕО: Хеликоптерска спасувачка акција на Шар Планина, евакуирана повредена италијанска државјанка

Полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со припадници на САЕ „Тигар“ денеска успешно евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина.

Како што информираат од полицијата, по добиен повик во претпладневните часови веднаш бил испратен тим од хеликоптерската единица кој полетал заедно со припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

На непристапен терен тие успеале да ја лоцираат и да ја преземат повредената, италијанска државјанка, која се наоѓала во тешки услови на планината.

По успешната акција, повредената била транспортирана со хеликоптер до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и била укажана медицинска помош.



View this post on Instagram

A post shared by Faktor.mk (@faktor.mk)


Слично

Поврзани вести