„Улици и патишта“ ги крпи дупките на Партизанска
По налог на Град Скопје екипи на ЈП „Улици и патишта" деновиве вршат залевање на пукнатините во асфалтната површина на булеварот Партизнаски Одреди.
Залевањето на пукнатини претставува санациона мерка со која се спречува навлегување на вода, нечистотии и замрзнување во коловозната конструкција, со цел продолжување на нејзиниот работен век, велат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека со оваа постапка се обезбедува водоотпорно, еластично и трајно затварање на пукнатините со ширина од 3 до 25 mm, што значително ја намалува можноста за понатамошно оштетување на коловозот.
„Екипите изминатиот период машински ги залеваа пукнатините на коловозните површини на улица"Френклин Рузвелт" и на булеварот"Христијан Тодоровски Карпош", а ќе продолжат и во наредниот период да ги санираат сите коловозни површини на градските улици и булевари, каде што има пукнатини во асфалтот“, велат оттаму.
