Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИСТВО ВО НОВО ЛИСИЧЕ: Внук ја тепал па задушил сопствената баба

УБИСТВО ВО НОВО ЛИСИЧЕ: Внук ја тепал па задушил сопствената баба

Млад Скопјанец е уапсен и се терети за убиство на сопствената баба. Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје, тој најпрво ја нападнал баба си, ја удирал по главата и вратот, а потоа ја задушил. 

Од ОЈО Скопје посочуваат дека донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

- На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил - соопштуваат од ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство. 

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Слично

Поврзани вести