УБАВО ОБЛЕЧЕТЕ СЕ, УТРОВО ПОСВЕЖО: можно е некаде да заврне, еве какво време не очекува
Наутро посвежо, преку денот променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во главниот град исто така ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 14 степени, додека максималните дневни темепратури се очекува да достигна од 14 до 22 степени денеска.Во текот на утрешниот ден повторно се очекуваат пониски температури, потоно посвежо, додека преку денот променливо облачно, а кон крајот на денот со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен правец.
Минимална температура ќе се движи од 8 16 степени, додека максимална температура од 16 до 22 степени.
Слично време не очекува и следните денови, поточно во среда и во четврток кога повторно ќе биде променливо облачно, но задутре не очекуваат повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе биде во благо искачување, утринската ќе се движи од 9 до 17 степени, додека максималната дневна од 17 до 24 степени.
